Она што некое време се шпекулираше сега доби и официјална потврда, односно претседателот на Словенечката ракометна федерација, Фрањо Бобинац, изјави дека Веселин Вујовиќ не е повеќе селектор на машкиот национален тим на Словенија.

„По завршениот циклус од четири години Ракометната федерација на Словенија ги разгледа постигнатите резултати и одлучи дека е потребна нова енергија. Поради тоа донесовме едногласна одлука да ја прекинеме соработката со Веселин Вујовиќ и да најдеме ново квалитетно решение. Името на новиот селектор ќе биде познато во средината на декември“, изјави Бобинац.

Вујовиќ на клупата на Словенија седна во 2015 година, а најголемиот успех го имаа на СП 2017 во Франција, кога го освоија бронзениот медал.