Интересни резултати по првите 45.минути на средбите од 16.коло во ПМФЛ. Силекс води против Вардар со голот на Гроздановски откако гостинскиот голман катастрофално реагираше во 12. минута. Стрелец беше Дарко Гроздановски. По многу пропуштени шанси Работнички конечно во 37.миниута преку Давид Тошевски погодува за 1:0. „Пандевци“ го добиваат првиот дел на Чаир, и тоа со голот на Рајковиќ во 7.минута. Води и Шкендија во Струга со голот на Жуниор, додека под Шара домашната Ренова има јалова инцијатива, но без гол против „лавовите“.

 

РЕЗУЛТАТИ ПО ПРВИТЕ 45.МИНУТИ

СИЛЕКС – ВАРДАР 1:0

СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА 0:1

РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ 1:0

ШКУПИ – А.ПАНДЕВ 0:1

РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:0