Ред Бул и Торо Росо најавија дека ќе го обноват договорот за набавка на мотори од компанијата Хонда до 2021 година. И двата тима воа Формула 1 имаа договори со јапонската компанија до 2020 година, но очигледно задоволни од соработката решија да ја продолжат истата за уште една година.

Торо Росо работи со Хонда од 2018 година, додека Ред Бул започна со употреба на јапонски мотори 12 месеци подоцна.

Макс Верстапен оваа сезона победи на три трки со Ред Бул, а лидерот на тимот Кристијан Хорнер ги нарече односите со Хонда „подобри од очекуваните“.