Дарко Чурлинов бил отстранет од вчерашниот тренинг на Келн поради болест. Македонскиот напаѓач закачил вирус, па тренерот не го пуштил во тренинг центарот во страв да не ја пренесе болеста врз другите играчи па да си направи проблем. За што точно се работи не е прецизирано, но јасно е дека во наредните денови напаѓачот нема да биде во составот на вториот тим на Келн за натпреварите.

Инаку Чурлинов само двапати беше на теренот во дресот на Келн во Бундес лигата, па е префрлен во Вториот тим каде игра солидно.