Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Србија, Дејан Станковиќ се враќа во редовите на Интер. Тој ќе биде нов тренер во младинската школа на клубот, а Интер и официјално го поздрави неговото враќање.

Станковиќ беше играч на Интер од 2004 до 2013 година, а во 2010 година ја освоија Лигата на шампионите.

Улогата во тренерскиот тим на Станковиќ ќе биде работа со млади фудбалери за формирање на индивидуални техники, а интересно е дека тој ќе го тренира и својот син Филип, кој е голман на подмладокот на Интер.