МЗТ Скопје успеа да ја забележи седмата победа во јадранското второлигашко друштво и да остане во трка за првото место на табелата. Од гостувањето кај Динамик, македонскиот првак замина со убедлив триумф од 82-92.

Тренерот Ѓорѓи Кочов не е задоволен од играта во одбраната особено во првото полувреме, по мечот призна дека не било лесно да се игра против Динамик.

„Им честитам на моите момци за победата, беше лесно да се игра против талентираните и физички силна екипа како што е Динамик. Имавме проблем во првиот дел од натпреварот со одбраната, која успеавме делумно да ја поправиме во продолжение. На Динамо му посакувам среќа во продолжение“, изјави тренерот на македонскиот првак.