Тренерот на германски РБ Лајпциг, Џулијан Нагелсман, стана најмладиот тренер во историјата на Лигата на шампионите, кој успеа да влезе во плеј-офот на натпреварувањето.

Германскиот стратег кој има само 32 години, 4 месеци и 4 дена, синоќа со екипата на Лајпциг одигра нерешено 2:2 на средбата против Бенфика и со тоа успеа да го потврди пласманот во нокаут-фазата. Лајпциг за ремито дома се избори практично во последните минути од средбата, затоа што Бенфика до пред самиот крај на мечот имаше предност од 2:0, но не успеа да ја сочува и во дополнителното време.

Германскиот клуб го зазема првото место во групата „Г“, откако стигна до 10 бода по 5 одиграни средби.