Пилотот од Формула 2, Канаѓанецот Николас Латифи, ќе дебитира во Формула 1 следната сезона и тоа како пилот во болидот на Вилијамс. До вчера, тест-возачот на британскиот тим, ќе го замени полскиот пилот Роберт Роберт Кубица и ќе биде партнер на Џорџ Расел во тандемот возачи на Вилијамс за следната сезона.

На овој начин, се познати сите 20 возачи, кои ќе се појават следната сезона во болидите од Ф1 шампионатот веќе на премеирната трка во Мелбурн на Австралиското Гран при закажано за 15 март.

Латифи е добро запознаен со сите можности на Вилијамс, бидејќи учествуваше на шест „слободни сесии“ во 2019 година, од кои последната беше во Бразил.