По катастрофата против Баерн Минхен и историскиот пораз од 0:6 на „Маракана“, дали е на повидок смена на клупата на Црвена Звезда?

Дали Владан Милојевиќ, кој со „црвено – белите“ направи  фудбалски чуда ќе мора да си оди. Српскиот гигант е засрамен, без разлика на се сепак егото на Црвена Звезда е повредено, па одтаму чаршијата веќе почна со шпекулации дека тој ако не успее да биде пред Олимпијакос во групата во ЛШ слободно може да си ги пакува куферите.

За негов наследник се споменува Роберт Просинечки, легендата на клубот од 1991 година, кој пред неколку години беше веќе тренер на овој тим но тогаш доби отказ.