Лионел Меси по четвртти пат е добитник на наградата за најдобар организатор во светот која ја доделува Меѓународниот фудбалски институт за историја и статистика.

Аргентинецот ова признание го доби 2015, 2016 и 2017 година. Експертите од 90 земји го бираа најдобриот плејмејкер, Меси со 299 бодови и заврши пред Кевин де Бруин од Манчестер Сити и Еден Азар од Реал Мадрид.

Со четвртата награда Меси стана рекордер, се изедначи со Чави кој има ист број на признанија, зад нив е Иниеста со две, Зидан, Модриќ имаат по едно признание.

Комплетната листа може да ја видите на овој ЛИНК.