Екипата на Шалке ќе седи на второто место на табелата барем до сабота додека не почнат другите натпревари од 13. коло. Екипата од Гелзенкирхен вечерва со минимални 2:1 го совлада Унион Берлин што беше нивна седма победа во шампионатот и продолжување на серијата без пораз која изнесува шест натпревари.

Резултатот беше 1:1 се до 86 минута, а тогаш по една акција на фудбалерите во сино и асистенција на Харит, младиот играч за врска Суат Сердар го совлада противничкиот голман за победа на Шалке.