Македонскиот репрезентативец во редовите на унгарскиот првак Веспрем, кој една сезона го носеше и „црвено-црниот“ дрес утре доаѓа во Скопје со желба со кренати раце да си замине од „Јане Сандански“.

Но, знае Манасков дека ќе биде пеколно тешко да се игра пред вардаровата публика, но сепак верува и во квалитетот на својот тим.

„Играме навистина важен меч во Скопје. Вардар загуби неколку натпревари и ќе биде екстра мотивиран. Салата ќе биде преполна и не се сомневам дека ќе има одлична атмосфера за игра. Ние мора да се концентрираме на нашата игра и да дадеме се од себе и ако имаме добар ден, мислам дека можеме и да победиме во Скопје“, изјави Манасков во пресрет на неделниот меч.