Вардар во недела го игра последниот меч од оваа година. Во СЦ „Јане Сандански“ гостува Веспрем, тим кој веќе еднаш славеше убедливо против македонскиот првак, а со иста цел доаѓа во Скопје.

За унгарскиот првак повредите во таборот на Вардар ќе биде уште една голема предност во обидот да дојдат до два нови бода и да ја продолжат трката за првите места во групата Б.

Капитенот Стојанче Стоилов не крие дека Веспрем е фаворит, пред се поради повредите со кои се соочуваат од стартот на сезоната, но тој и останатите момци нема да се предадат.

„Последен меч од оваа полусезона. Сите знаете каква е ситуацијата во нашиот тим. Да не се лажеме, Веспрем е апсолутен фаворит, а наше е да се бориме и да не ја разочараме публиката“, рече Стоилов, кој потоа се сврте кон вистинските проблеми.

Играме со тоа што имаме. Тоа не е нормална одбрана што би ја подготвиле обично. Вчера Дисингер имаше операција, сите влечат некаква повреда. Ние да не не сакаме да одиграме добро, да не не сме мотивирани? Тоа е ракометот, тие сме луѓето, даваме максимум од себе. И на голманите не им оди како што треба, не дека ја фрлам вината врз нив, но, едноставно, кога не оди – не оди“.

атегот на Вардар, Едуард Кокшаров немаше што да каже премногу за овој меч.

„Имаме многу проблеми но нема да збориме кои може да играат кои не. Очекувам добра игра и со поддршка на публиката да дојдеме до позитивен резултат“, беше коментарот на Кокшаров.