Интересна сцена се случи на мечот меѓу Арсенал и Ајнтрахт во Лига Европа, каде главниот судија на натпреварот одлучи да го прекине истиот за Унај Емери да ја смени јакната.

Поточно тренерот на Арсенал имаше црна јакна која беше иста боја како и дресовите на противничкиот клуб, па судијата побара тој да ја смени истата, а Емери до крајот на мечот доби сива јакна.