Херта изгуби на домашен терен од Борусија Дортмунд со 1:2 на дебито на новиот тренер Јирген Клинсман. „Сино-белите“ имаат за што да жалат затоа што извесен период играа со фудбалер повеќе, а и судијата им поништи погодок поради офсајд.

Борусија во 15 и 17 минута преку Санчо и Торган Азар поведе со 2:0 што им ја отежна работата на берлинците кои возвратија во 34 минута преку Дарида. Пред крајот на првото полувреме поради втор жолт исклучен беше Матс Хумелс.

Херта во вториот дел имаше фудбалер повеќе на теренот, а само што почна вториот дел Дејви Зелке постигна гол кој судијата го поништи поради офсајд после прегледување на ВАР снимка. Борусија ја запиша шестата победа, а и тренерот Лусијан Фавр си купи малку време за да ги поправи работите после серијата на лоши резултати кои не само што го исфрлија од горниот дел на табелата туку е пред елиминација од ЛШ.

Херта е во опасната зона (16 место) и е во серија од пет порази.

Келн освои бод против Аугзбург (1:1) иако можеше да остане и без него затоа што гостите промашија и пенал.

РБ Лајпциг за малку ќе испуштеше сигурна победа против Падерборн. Во првото полувреме даде три гола, а во второто се опушти и му дозволи на домаќинот да даде два погодока и да се надева на уште еден. За среќа по „биковите“ мрежата не се затресе и бодовите заминаа кај нив (3:2).

Standings provided by Sofascore LiveScore