За разлика од останатите тимови, Куманово во Првата лига настапува со македонски кошаркари. Александар Петровиќ засега не се потпира на оние чудни странски засилувања, се чини дека неговата одлука е правилна.

Македонскиот производ сепак се покажа како поквалитетен од увезниот производ во мак-кошарката. Куманово на овој начин го доби Гостивар на „жешкиот“ терен во салата „Младост“. Главни диригенти на оваа средба беа Марјан Јанески и Горјан Марковски, двајцата постигнаа 45 поени речиси половина од вкупните на својот тим.

Јанески имаше три тројки и 15 скока, додека Марковски имаше четири тројки и пет скока. Двоцифрени на оваа средба беа Младеновиќ со 12 поени и 14 асистенции, по десет поени запишаа Атанасов и Стојановски.

Колку за споредба, 38-те поени на Доналдсон не завршија работа, нити оние 14 поени на Џелетовиќ. Останатиот дел од статистиката на Гостивар беше празна.

Македонскиот производ дава тимска игра…На нашите играчи треба некој да им даде шанса, но и да им влее самодоверба. Секоја чест за Александар Петровиќ.