Македонија ако победи во баражот за Лигата на нациите ќе се пласира на Европското првенство и тоа во групата Ц каде се Холандија, Украина и Австрија. Но тоа ќе биде така во случај Романија да киксне во баражите. Ако Романија се пласира на евро-шампионатот, Букурешт е домаќин на шампионатот па така оваа репрезентација ќе ја заземе нашата позиција во групата Ц, додека ние се селиме во најжестоката група Ф во која се Португалија, Франција и Германија…

Значи Пандев и другарите можат да налетаат на Роналдо, Мбапе, Гризман, Ноер, Вернер…