Ако успее да го помине баражот репрезентацијата на Македонија на Европското фудбалско првенство идната година ќе биде во група со Холандија, Украина и добро познатиот ривал Австрија. Така беше одлучено на денешната ждрепка одржана во Букурешт, Романија. Ова се едни од најкомплексните и уникатни квалификации за ЕУРО, а ќе учествуваат 24 репрезентации од кои 20 се пласираа преку нормалните квалификации, а останатите четири места ќе ги заземат националните тимови победници во баражите на Лигата на нациите.

Да се надеваме дека Македонија ќе се најде на Евро шампионатот. Да потсетиме првиот противник во баражот ни е Косово. Ако се помине оваа пречка во финалето ќе се игра со победникот од Белорусија/Грузија.

Но, може да дојде и до промена на ситуацијата, ако Романија се пласира на ЕП 2020. Тогаш, бидејќи Романците се еден од домаќините ќе одат во Група Ц, па во тој случај Македонија би играла во најпеколната група на европскиот собир – група Ф.