Вечерва од 18 часот во Букурешт, ќе се одржи ждрепката на шесте групи за ЕВРО 2020, кое ќе се игра следното лето. Ова ќе биде најкомплицираната ждрепка во историјата на фудбалот, зошто некои работи ќе бидат дефинирани дури по
мартовските баражи во Лигата на Нации.

Како никогаш досега ЕВРО ќе се игра 12 градови, значи во 12 држави, а интересно е тоа што Македонија за првпат има добри шанси да заигра на едно големо вакво натпреварување.

Не делат само 180 минути. Прво треба на 26 март да го победиме Косово во Скопје, а потоа во финалето и подобриот од Белорусија – Грузија на нивни терен. И ако биде така тогаш Македонија ќе биде севкупен победник во сегментот Д во
лигата на Нации и како таков ќе игра на ЕВРО 2020.

А ако игра тогаш Македонија на денешната ждрепка би можела да се падне во групата Д каде што сигурни се Украина и Холандија, додека од третиот шешир би добила една репрезентација од Португалија, Турција, Австрија, Шведска
или Чешка. Но ако Романија успее да се пласира преку ЛН, тогаш оваа селекција ќе игра во Букурешт а ние се нашле во групата Ф, домаќини се Минхен и Будимпешта. Тука ќе не чека дуел со Германија, а од вториот шешир за ривал би имале една од следните селекции: Франција, Полска, Швајцарија, Хрватска, а од третиот пак: Португалија, Турција, Австрија, Шведска, Чешка.

Но тоа е што би било кога би било. Македонија прво треба во
март победнички да го заврши баражот во Лигата на Нации.

1. ШЕШИР: Белгија, Италија, Англија, Германија, Шпанија, Украина

2. ШЕШИР: Франција, Полска, Швајцарија, Хрватска, Холандија, Русија

3.ШЕШИР: Португалија, Турција, Данска, Австрија, Шведска, Чешка

4. ШЕШИР: Велс, Финска, ЛН-А, ЛН-Б, ЛН-Ц, ЛН-Д

МОЖНИ ГРУПИ
ГРУПА – А (РИМ – БАКУ)
ИТАЛИЈА
Франција, Полска, Швајцарија, Хрватска
Португалија, Турција, Австрија, Шведска, Чешка
Финска, Велс

ГРУПА – Б (САНКТ ПЕТЕРБУРГ – КОПЕНХАГЕН)
БЕЛГИЈА
РУСИЈА
ДАНСКА
Финска, Велс

ГРУПА – Ц (АМСТЕРДАМ – БУКУРЕШТ)
УКРАИНА
ХОЛАНДИЈА
Португалија, Турција, Австрија, Шведска, Чешка
ЛН -А, ЛН-Д

ГРУПА – Д (ЛОНДОН И ГЛАЗГОВ)
АНГЛИЈА
Франција, Полска, Швајцарија, Хрватска
Португалија, Турција, Австрија, Шведска, Чешка
ЛН – Ц

ГРУПА – Е (БИЛБАО – ДАБЛИН)
ШПАНИЈА
Франција, Полска, Швајцарија, Хрватска
Португалија, Турција, Австрија, Шведска, Чешка
ЛН – Б

ГРУПА – Ф (МИНХЕН – БУДИМПЕШТА)
ГЕРМАНИЈА
Франција, Полска, Швајцарија, Хрватска
Португалија, Турција, Австрија, Шведска, Чешка
ЛН – А, ЛН – Д