По мечот на 29 септември во Штип, кога Тиквеш со 1:0 ја победи Брегалница под Исарот, тренерот на штипските „сини“ Добринко Илиевски вети дека на следниот меч со Тиквеш и тоа во Кавадарци, неговиот тим ќе победи со два разлика.

Така и беше. Денеска Брегалница со 2:0 го победи Тиквеш.

Секако дека сум задоволен и среќен. Горд сум на овие момци,  одиграа навистина фантастично по тешкиот терен, постигнаа два гола а имаа уште барем три шанси за уште поубедлив триумф. Иако ослабени, иако не можев да сметам на сите наши играчи, покажавме дека оваа екипа на Брегалница има сила во себе да ги победува конкурентите. Честитки за нашите момци, реков дека сега е време за радување, а од утре веќе ќе мислиме на тоа што не очекува во пролетниот дел“изјави за СПОРТМЕДИА Добринко Илиевски, шефот на струката на Брегалница.