Македонскиот репрезентативец Бобан Николов го постигна својот прв сезонски гол во Унгарија на денешното гостување на фехервар кај екипата на Диосѓер во рамките на 14. коло од унгарскиот шампионат. Фехервар однесе гостинска победа од 3:1 со што се израмни со 29 бода на челното место на табелата со екипата на Ференцварош.

Овие два тима ќе ја продолжат битката за титулата, а покрај Николов, кај Фехервар денеска цел меч одигра и централниот дефанзивец, Висар Муслиу.