Тешка „рововска“ битка по тешкиот терен во Кавадарци, но сепак мрежите мируваат. Тиквеш и Брегалница во супер – дербито на Истокот по првото полувреме играат 0:0. Гледаме игра без многу ризик, многу тактика, многу надмудрување, но речиси без ниту една шанса за гол од едната или другата екипа. Да се надеваме дека во продолжение од средбата, и покрај лошите услови, ќе видиме нешто фудбалско од Тиквеш и Брегалница.