Чилеанската фудбалска федерација денеска потврди дека предвремено го завршува националното фудбалско првенство поради се уште силните антивладините протести што ја зафатија земјата. Протестите го прекинаа шампионатот пред неколку недели, а протестите не даваат услови за безбедно одвивање на фудбалски натпревари на територијата на целата јужноамериканска земја.

До крајот на тековната сезона останаа само уште шест кола, но тие нема да се одиграат. Од федерацијата потврдија дека шампионската титула ќе му биде врачена на Универзидад Католика.

Во исто време, беше решено ниту еден од тимовите кои беа дел од елитата да не испадне. Исто така, ниту еден од тимовите од втората лига нема да оди ранг погоре.