Првиот меч од 14. коло на Премиер лигата донесе четири голови и реми.

Манчестер Сити загуби два драгоцени бодови на „Сент Џејмс Парк“ во борбата за одбрана на шампионската титула во Премиер лигата. „Граѓаните“ притискаа, но упорните домаќини не попуштија – едноставно одбија да се предадат пред првакот.

Рахим Стерлинг погоди по одличната асистенција на Силва во 22 минута, но само три минути и супер акција на Алмирон и Вилемс по која вториот ја затресе мрежата на гостите.

Кевин Де Брујн во 82 минута одново ги доведе „Граѓаните“ во предност и кога се чинеше дека ќе го однесат пленот од Северот на Англија стигна одговор од домашните. „Страчките“ изедначија и земаа бод благодарение на голот на екс-играчот на Ливерпул Џонџо Шелви.

Standings provided by Sofascore LiveScore