Сергеј Самсоненко првиот човек на Вардар во интервју за „Фокус“ открива една тажна вистина, која е пак е реалност за една земја како што е Македонија. Кога „црвено-црните“ по вторпат се искачија на тронот сите ветуваа дека бајката ќе продолжи и дека сите ќе застанат зад тимот кој со години носи радост на оваа земја. Но, очекувано фотографирањата со пехарот завршија, брзо се заборавија ветувањата.

Првиот човек на Вардар вели дека е тешко да се издржи, уште ја чека ветената помош.

„Сто милиони евра сум потрошил на спортски екипи во земјава. Сè уште ги финансирам машкиот и женскиот ракометен тим на Вардар и истоимениот фудбалски клуб. Како ќе биде понатаму не зависи само од мене, зашто не сме излезени од финансиската криза. Се разбира, јас ќе ги исплатам сите вработени и играчи, кои се апсолутно коректни, а понекогаш херојски се однесуваат во натпреварите. Не е прашање дали сакам или не, многу години финансирам и тешко се издржува, немам толку пари. Секоја година оди сè потешко. Кога по вторпат освоивме титула во Лигата на шампионите, ми беше ветена помош од различни институции во државата и јас уште чекам на таа помош, зашто без неа не би можел да издржам понатаму“, изјави Самсоненко.