Германецот Томас Дресен имаше триумфално враќање во Северна Америка победувајќи вечерва на машкиот спуст од Светскиот куп кој се возеше во канадски Лејк Луис.

Една година откако доживеа сериозна повреда на коленото Дресен имаше совршена трка со време од 1:46.81 минути, обезбедувајќи ја првата сезонска победа.

Второто место му припадна на Италијанецот Доминик Парис, кој заостана само две стотинки зад победникот. Швајцарското дуо Карло Јанка и Беат Фојц се изборија за делба на третото место со заостанување од 26 стотинки зад победникот.