Лука Дончиќ игра фантастично во новата НБА сезона, тој е еден од најдобрите во Лигата, станува голема, голема мега – ѕвезда во најдобрата кошаркарска лига во светот. Токму затоа и спонзорите се „тепаат“ за него. Посебно оние најголемите како Најк, Адидас, Пума и останатите кои водат „војна“ да го добијат потписот на Словенецот кој блеска во дресот на Далас Маверикс. Па ако се биде како што треба, Дончиќ би требало да го добие најголемиот договор, се разбира после Леброн Џејмс кој е заштитен знак на Најк, во светот на кошарката. Очекувањата се дека Лука Дончиќ би требало да инкасира повеќе од 100 милиони долари.