Во вечерното дерби на 13. коло на германската Бундеслига, актуелниот шампион Баерн (М) изненадувачки беше поразен пред своите навивачи од екипата на Баер (Л) со 2:1. „Фармацевтите“ одлично го отворија мечот и со првиот гол на Бејли во  10. минута најавија атак на бодови. Следуваше период на доминација на домашните и гол на Томас Милер во 34. минута за израмнување на 1:1.

Кога сите очекуваа целосен пресврт, само две минути по израмнувачкиот гол на Милер, повторно мајсторија на Леон Бејли и втор гол за него за ново водство на гостите. Со овој резултат се замина на пауза, и како што можеше да се очекува, Баерн тотално нападна во второто полувреме. Домашните имаа безброј шанси, но неколкупати ја погодија и пречката и една од стивите на голот на гостите, а топката едноставно не сакаше да влезе во голот на гостите.

Овој пораз ги остави баварците на 4. место на табелата, со 3 бода помалку од лидерот РБ Лајпциг. Пред Баерн со бод повеќе се и Борусија (М) и Шалке.

Standings provided by Sofascore LiveScore