Лина Ѓорческа со победата над Украинката Маријана Закарљук со 6:2, 6:3, на доминантен начин се пласираше во финалето на турнирот кој се игра во Анталија.

Македонската тенисерка како прва носителка на турнирот, ја има улогата на фаворит на турнирот кој е со награден фонд од 15.000 долари.

Во битката за првото место Ѓорческа ќе игра против финската тенисерка Она Орпана, трета носителка. Орпана во полуфиналето ја совлада Ирина Хромачева, откако Русинката го предаде мечот при 6:2 и 1:0.