Енис Барди беше дел од тимот на Леванте цел натпревар на гостувањето кај Гетафе, и доживеаја пораз од 4:0 во градот во блиината на Мадрид.

Сите четири гола, Леванте ги прими во вториот дел, откако по првиот Леванте одлично се држеше. Во 70. минута Барди шутираше под пречката, но голманот на Гетафе одлично одбрани и не му дозволи на Македонецот да се радува.