Благодарение на одличните одбрани на Тер Штеген во првиот дел, и на волшебникот Меси во вториот дел, Барселона победи на „жешкото“ гостување на Ванда Метрополитано во Мадрид кај Атлетико.

Атлетико беше блиску до водство, но чудесните одбрани на Тер Штеген не го дозволија тоа во првиот дел. И Барселона имаше три добри шанси преку Суарез и Ракитиќ, а еднаш Барса ја погоди и пречката.

Во вториот дел Атлетико одигра плашливо. Симеоне се повлече, а тоа екипа како Барселона знаеше како да го казни. Барселона беше подобар противник, а во 86. минута Меси почна акција по десната страна, проигра со Суарез, шут на Меси прецизно во голот.

Навистина несфатливо како падна екипата на Атлетико во вториот дел која освен некоја полушанса и шут од дистанца, не успеа да направи ништо повеќе.

Standings provided by Sofascore LiveScore