Пред стартот на сезоната ретко кој, или никој, не го споменуваше Вардар како сериозен кандидат за да биде прв по првата полуетапа. И не само што тој Вардар е прв, туку тоа го направи така убедливо што мора да им се честита на играчите и тренерот Александар Васоски, кој веднаш по мечот со А. Пандев за СПОРТМЕДИА изјави:

„Секако дека сме среќни, радосни и задоволни. Ова е голем за сите нас во Вардар. Ова се едни од најубавите моменти за мене во мојот спортски живот. Посебно сум горд што работам со овие момци, кои се со екстра квалитет и и како фудбалери, но и како личности. Успеавме да направиме тим, во кои сите поединечни квалитети се ставени во улога на Вардар и само на Вардар. Но не сме ја завршиле есенската полусезона, едвај чекаме да дојде недела и мечот со Шкендија. Со победа да го украсиме крајот што се вели. Потоа следува анализа, сакам сите овие играчи да останат, а ако ни се укине суспензијата за трансфери, да се донесат најмногу 2-3 играчи со кои би јуришале напролет и на шампионската титула па така ја заокружиме сезоната со нова круна“ посочи стратегот на Вардар.