„Зеленото“ дерби во Германија му припадна на тимот на Вердер, кој го совлада Волфсбург на гостински терен со 2:3. Два гола постигна Милот Рашица, од кој еден од пенал, и еден гол на Битенкур. Вердер поведе, па Волфсбург израмни, а потоа Вердер повторно поведе, но домашните одново се вратија.

Меѓутоа на крајот во 83. минута со вториот гол на Рашица, Вердер и дефинитивно се запишаа како победници.

Волфсбург е во криза, со оглед дека имаат само еден триумф во последните шест натпревари. Во оваа фаза ги претрпеа и трите порази во Бундеслигата.