Виктор Ангелов имаше одличен меч за Широки Брег во победата над Звијезда со 4:0. Македонскиот напаѓач му даде два гола на противникот и тоа всушност беа првите погодоци на некогашниот играч на Шкупи, Работнички, Металург за босанскиот тим за кого потпиша во текот на летото. Инаку за него ова беше  четврти меч сезонава, а тој ги постигна вториот и третиот гол за Широки кој е на седмото место на табелата.