На социјалните медиуми се појави фотографија на која се прикажани резултатите од гласањето за годинешниот избор на добитникот на популарната награда на „Франс Прес“ –  Златната топка“.

Според она што може да се види, победник за 2019 година е големата sвезда на Барселона, Лео Меси. Тој има добиено 446 поени во анкетата и е далеку пред вториот Вирџил ван Дајк (Ливерпул) – 382. Во првите три се најде и Мохамед Салах (179), додека Кристијано Роналдо (Јувентус) е на 4-та позиција со 133 бода.

Ако гласањето се покаже како точно, Меси ќе го мине Роналдо на листата на освојувачи на престижната награда и ќе има рекордни шест „Златни топки“.