Игор Карачиќ седум години беше дел од Вардар. Скопје го засака како свој град, а црвено-црната боја ќе остане засекогаш врежена.

Иако е веќе член на Келце, се радува на секоја победа на македонскиот тим, а во тешките моменти е тука за своите некогашни соиграчи. По поразот од Веспрем испрати порака до Вардарци.

„Кога ќе биде најтешко и најважно, тогаш ќе биде вашето време. Главата горе момци“, напиша Карачиќ.