Наполи доживеа непријатен и неочекуван пораз од Болоња на домашен терен, со кој ја продлабочи кризата на тимот од Неапол кој шест натпревари не знае за победа во Серија „А“.

Болоња ги освои трите бода благодарение на пресвртот во вториот дел, по водството на Наполи со голот на Љоренте.

Сепак, Сков-Олсен и Сансоне донесоа пресврт и три бода. Во финишот Љоренте постигна уште еден гол кој му беше поништен после ВАР.

Елмас беше стартер и беше заменет во 65. минута од Дрис Мертенс.