ФОТО: РК ВАРДАР

Ако на претходните натпревари пракса на ракометарите на Вардар беше пред нивниот почеток да ги поздрават своите поранешни соиграчи и да им се заблагодарат за сé што минаа низ годините заедно во „црвено-црниот“ дрес на мечот со Веспрем тоа го сторија на полувремето.

Не ги заборавија вардарци, Самба, Вуко, па ниту кондициониот тренер Марија Лојаница. Со дрес на Вардар на чии грб пишува „Фала ти за сé“ тие ги испочитуваа своите поранешни соиграчи.