Завршија сите мечеви од 17. или препоследно коло во ПМФЛ. Вардар е есенски првак по триумфот во Струмица и тоа со 3:0, но и Шкендија во ова коло беше одлична. Успеа да го победи големиот ривал Шкупи со 4:0. Бесарт Ибраими двапати и Жуниор двапати, беа стрелците за шампионот. Со оваа четворка тетовци го поздравија „својот“ Ќато, својот некогашен тренер.

Работнички одигра само 1:1 со Силекс и испушти големи и злато вредни два бода. „Романтичарите“ имаа се во свои раце, на време поведоа со голот на Марковиќ во 14.минута, имаа игра, имаа шанси но тогаш еден насфатлив кикс на стоперот Илиќ и голманот Шишковски беше доволен да му подарат на Ѓуриќ гол за 1:1, а на Силекс бод. Со ова реми Работнички остана на дното, и уште повеќе си напрабви проблеми.

Во Велес пак домашниот Борец со голот на Прелчец докажа дека на негов терен никој не може да се надева на бод(ови), а најмалку Ренова. Триумф на момците на тренерот Горазд Михајлов со што сега ги „откачија“ Ренова и Работнички, некогаш шампионите во ПМФЛ, да се дават на двете последни места на табелата.

РЕЗУЛТАТИ – 17. КОЛО

А.ПАНДЕВ – ВАРДАР 0:3
(/Аврамовски 11.,70.,Брдаровски)

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 4:0
(Б. Ибраими 2., (п) 41., Жуниор 28.,89./)

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1:1
(Марковиќ 14../ Ѓуриќ 61.)

БОРЕЦ – РЕНОВА 1:0
(Прелчец 5.,/)
ВЧЕРА:

МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ 1:1

Standings provided by Sofascore LiveScore