Ремито на Јувентус против СПАЛ 2:2 му овозможи на Интер со триумфот денеска против СПАЛ од 2:1 да го заземе првото место на табелата во Серија А. „Нероаѕурите“ сега имаат бод предност во однос на „Старата дама“ по 14 одиграни кола.

Клучот на успехот на миланскиот тим беше Лаутаро Мартинез кој ги постигна двата гола, а утешниот за екипата од Ферара го постигна Валоти во вториот дел.

Интер воедно е петтиот тим во 21 век кој реализирал барем по еден гол во воведните 14 натпревари во сезоната во Серија А после Јувентус, Милан, Фиорентина и Рома. Исто така „нероаѕурите“ не изгубиле 15 натпревари против СПАЛ, а денеска ја впишаа 12 победа.

А во Рим, Лацио го разби Удинезе со 3:0. Гостите и со Илија Несторовски во нападот не можеа да направат изненадување, а „небесно-сините“ уште по првите 45 минути имаа предност од 3:0 со два гола од пенал (Имобиле два, еден од пенал и еден на Алберто од пенал). Несторовски го одигра целиот меч.

А во Парма истоимениот домашен тим изгуби од Милан. „Росонерите“ беа апсолутно подобар тим, имаа голем посед на топката, удари на гол 3:14 и победија со гол во финишот на мечот. Навистина ќе беше штета после оваа добра игра да не го однесоа пленот. Голот го постигна Тео Ернандез во 89 минута. Милан четири меча не знае за победа, а на последните два освои само два бода.

Standings provided by Sofascore LiveScore