Екипата на Бреша вчера го доживеа шестиот пораз поред, а девет натпревари едноподруго не знае за триумф. Фабио Гросо на почетокот на декември ја презема екипата откако клубот реши да го тргне од кормилото Еуџенио Корини. Очекуваа Гросо да ги размрда момците во сино, меѓутоа не успеа.

Од клубот видоа дека шок-терапијата е неуспешна, па по само 25 дена односно три натпревари (три порази) реши да го тргне Гросо, но не само тоа туку и да го врати тренерот што претходно го избрка – Корини.