Луис Хамилтон е победник во Абу Даби на патеката „Јас Марина“ во последната трка од Формула 1 шампионатот оваа сезона. Новиот светски шампион ја заврши сезоната со 11 победи, а неговиот тим Мерцедес со 15 победи со оглед на тоа дека клупскиот колега Валтери Ботас придодаде четири први места.

Второто место му припадна на Макс Ферстапен од Ред Бул, а трет Шарл Леклер од Ферари. Првите пет ги комплетираа Валтери Ботас од Мерцедес и другиот возач на Ферари Себастијан Фетел.