Ернест Ѓока, тренерот на Шкендија денеска истакна пофални зборови за екипата, но и за рекордот на Ибраими.
„Среќен сум за Ибраими и среќен сум што имаме таков играч во тимот. Убеден сум дека ќе постигнува уште голови“, рече Ѓока.
За натпреварот истакна:
„Одиграме одличен натпревар, особено тактички. Се обидовме да бидеме многу дисциплинирани. Игравме против една добра екипа. Постигнавме гол многу брзо, и потоа ја имавме контролата на целата ситуација. Во вториот дел логично беше да не трошиме енергија. Решивме да ја држиме топката повеќе и да го имаме поседот. Но нашиот ривал за првото место и натаму е далеку пред нас“, рече Ѓока.