Неочекувано, актуелниот шампион Јувентус одигра само 2:2 на домашен терен против Сасуоло што значи дека овој кикс може да го чини торинскиот клуб губење на првото место. Интер со победа против СПАЛ денеска може да скокна на челната позиција, па Јуве после подолго време ќе биде во позиција да брка некого на табелата.

„Старата дама“ не најде во многу проблеми на денешниот меч. Бонучи донесе предност, но потоа гостите го свртеа резултатот. Бога изедначи, а на стартот на второто полувреме Капуто искористи една катастрофална грешка на дефанзивците на Јуве и го изедначи резултатот.

Но бод спаси Роналдо во 68 минута со гол од пенал. Јуве и понатаму е без пораз, а ова им е трето реми сезонава. Сасуоло е на 12. место.

Standings provided by Sofascore LiveScore