Манчестер Јунајтед уште еднаш приреди „шок“ за своите навивачи откако одигра нерешено 2:2 против Астон Вила на домашен терен.

Гостите од Биримингем стигнаа до водство со голот на Грелиш. Автоголот на Хитон донесе израмнување, а потоа Лиделоф донесе пресврт и водство на Јунајтед. И кога се чинеше дека Манчестер ќе победи, веднаш само две минути подоцна Мингс израмни и донесе бод за Астон Вила.

Лестер во пеколен финиш стигна до трите бода во дуелот со Евертон. „Лисиците“ со оваа победа се зацврстија на второто место на табелата зад Ливерпул.

Риларлисон донесе водство за Евертон и проблеми за Лестер. Но Варди во 68 минута најпрво израмни, а во 96. минута Ихеаначо со гол ги донесе трите бода.