Англија и Ирска, планираат да поднесат кандидатура за заедничка организација на СП 2030 година, пишува „Тајмс“.

Официјалното вклучување за битката за овој Мундијал ќе биде до 2022 година, до тогаш земјите кандидати треба да ги осигураат своите капацитети и да ги понудат.

Домаќинот на СП 2030 година ќе биде избран во 2023 година. Катар ќе биде домаќин на СП 2022 година, Мундијалот во 2026 година ќе се одржи во Мексико, САД и Канада.