Кожув во следните два месеци ќе биде без помошта на еден од најдобрите кошаркари. Бојан Трајковски ќе мора да оди на операција, но на голема среќа не е најцрното сценарио.

Снимките покажале дека станува збор за скинат менискус, па во следните денови ќе му биде извршена артроскопија. Паузата за ваков вид на повреда е најмногу два месеци, доколку рехабилитацијата се одвива според посакуваното Трајковски ќе се врати кон крајот на јануари.

„Ги направивме сите прегледи. Станува збор за повреда на менискус, не лигаменти. Паузата е најмногу два месеци, овие денови ќе ми биде извршена интервенцијата“, изјави за СПОРТМЕДИА, Бојан Трајковски.

Ова значи дека ќе биде фит и за квалификациските дуели кои Македонија ќе игра во февруари. На 20 истиот месец ја пречекуваме Естонија на домашен терен, три дена подоцна нашите кошаркари и гостуваат на Русија во Талин.

„Секако дека ќе се вратам и за квалификациите. Долго време се боревме да стигнеме до тука, и секако желбата е една, да обезбедиме место на Европското првенство“, додаде репрезентативецот.

Со Трајковски во составот сликата на теренот ќе биде поинаква дефинитивно.