По последното 14. коло во англиската Премиер лига, најголемите светски букмејкерски компании направија нови сопствени пресметки околу веројатноста Ливерпул да ја освои титуата во Англија оваа сезона. Според букмејкерите, Ливерпул веројатно нема да го ја пропушти оваа шанса, со оглед на тоа што математички шансите за нивно искачување на шампионскиот трон се пресметани на околу 74%.

Тоа, практично се гледа од коефициентот кој обложувалниците по ова 14. коло го нудат за шампионски пехар во рацете на момците на Јирген Клоп, а кој во моментов е само 1,25. Пред ова коло, квотата за шампионска титула на Ливерпул беше 1,40, но по поледната победа на „црвените“ и ремито на Манчестер Сити со Њукасл работите се променија и кај обложувалниците.

Сега квотата за шампионска титула на Манчестер Сити е 4,50, што е еквивалентно со околу 20% шанси за титулата во Премиер лигата и оваа сезона.