Македонскиот вундеркинд Кристијан Воденски кој долги години се натпреварува во детските лиги во Германија во повеќе боречки вештини, викендов се закити со нов медал. Овој пат тој беше најдобар во бразилско џиу-џицу за натпреварувачи до 48,3 килограми.

– Се натпреварував како дел од тимот на „Pyranha“ под водство на тренерот Омар Пикјоти. Првото место го освоив во категоријата У-16 на турнирот „Ултимејт Бетл Трејлс“. Редовно имам борби со мојот тим и најчесто победувам на натпреварите, вели Воденски.

Воденски поради повреда една година паузираше, а на борбите им се врати на почетокот на септември 2019 година.