Продолжуваат одличните партии на Лука Дончиќ, еден од најдобрите кошаркари во Светот во моментов. Тој синоќа со неговиот Далас победи на гостувањето кај ЛА Лејкерс, ставајќи го во сенка Леброн Џејмс. Далас стигна до победа од 114:100.

Лука експлодираше во вториот дел каде што малку му недостасуваше да дојде до „трипл-дабл“. Го заврши мечот со 27 поени, девет скокови и 10 асистенции. Леброн постигна 25 поени, додека најефикасен кај Лејкерс беше Дејвис кој се израмни со Дончиќ со 27 поени.

Клиперски на крилата на одличните Кавај Ленард и Пол Џорџ, го победија тимот на Вашингтон со 150:125. Дуелот беше решен во првиот дел кога Клиперс имаа предност од 25 поени, а до крајот само ја одржаа таа предност. Ленард постигна 34 поени, а Џорџ уфрли 31.

Актуелниот првак Торонто немаше проблеми против Јута, и го победија 130:110. Торонто имаше и +40 на полувреме.

Предводени од Џејсон Тејтум и Џејлен Браун, Бостон Селтик го совлада Њујорк со 113:104. Кошаркарите на Мајами во гости го совладаа Бруклин со 109:106, иако на четири минути пред крајот губеа со 103:95.

Убедлив триумф забележа и Детроит кој нанесе висок пораз на Сан Антонио со 132:98. Вицешампионот Голден Стејт, пак, продолжи со лошите резултати, и загуби од Орландо 100:96, додека Оклахома беше подобра од Њу Орлеанс Пеликанс.

РЕЗУЛТАТИ:

Бруклин – Мајами 106:109
Минесота – Мемфис 107:115
Њујорк – Бостон 104:113
ЛА Лејкерс – Далас 100:114
Детроит – Сан Антонио 132:98
Њу Орлеанс – Оклахома 104:107
Орландо – Голден Стејт 100:96
Торонто – Јута 130:110
ЛА Клиперс – Вашингтон 150:125